вторник, 23 април 2024

Беспилотните летала се клучни за остварување предност над Русија, вели командантот на украинската војска

Развојот на беспилотни системи или дронови е клучен за Киев да оствари предност пред „бројно супериорните“ руски сили, изјави доцна во понеделникот врховниот командант на Украина, Олександр Сирскиј, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега приоритет ми е развојот на беспилотни системи“, наведе Сирскиј на Телеграм по средбата со својот заменик Вадим Сухаревски. „Бараме асиметрични решенија за да добиеме квалитативна предност во однос на бројно супериорниот противник“.

Зголемената употреба на беспилотните летала од двете страни го оддалечува конфликтот од бојното поле кон напади врз воената, енергетската и транспортна инфраструктура на противникот.

Со оглед на тоа што украинската војска е надмината во поглед на оружје и војници на бојното поле, московските сили го зголемија притисокот по целата линија на фронтот и постигнуваат постепени придобивки.

Претседателот Владимир Путин, кој во неделата доби уште шест години на власт по победата на претседателските избори во Русија, рече дека московските сили имаат предност на бојното поле во Украина и вети дека ќе ја продолжи својата воена операција.

Воени аналитичари велат дека беспилотните летала потенцијално би можеле да ѝ дадат технолошка предност на Украина пред Москва, со оглед на нејзиниот недостиг во артилериски гранати и друго потрадиционално оружје. Но, руската индустрија за беспилотни летала исто така брзо се развива.

Како што беспилотните летала стануваат се помали, посмртоносни и можат подалеку да патуваат, Украина употреби низа од нив за да нападне нафтени рафинерии во Русија во последниве месеци, оневозможувајќи околу 7% од нејзиниот капацитет за рафинирање во првиот квартал.

Нападите на Украина со воздушни и поморски дронови врз руската Црноморска флота на Крим, од кои некои беа успешни, исто така, го поттикнаа руското Министерство за одбрана да вети во текот на викендот дека ќе ја заштити флотата од идни напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ