сабота, 26 октомври 2024

Бесими: За да остане стабилна економијата, Владата го зголеми задолжувањето во обврзници

Даваме можност за подобра реализација на плановите поврзани со фискалната стратегија. Се остава простор доколку треба да обезбедиме депозити на крај на година за да ја одржиме макроекономската стабилност да можеме да реагираме и на домашниот пазар, покрај на меѓународниот, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, појаснувајќи ја владината одлука со која се зголемува максимално дозволениот износ на задолжувањето преку државни хартии од вредност на домашниот пазар. Тој уште изјави дека од април има реален раст на платите и дека редизвиците остануваат бидејќи има геополитички движења кои влијаат и врз пазарите. 

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање Бесими рече дека е клучно што Буџетот и номинално гледано останува на исто ниво во однос на растот и во однос на дефицитот. 

„Тие се плански проекции што се ставаат во Буџетот што даваат можност за подобра реализација на плановите што се поврзуваат со фискалната стратегија“, рече Бесими, потсетувајќи дека веќе е обезбеден пакет од 600 милини евра по програми од меѓународни финансиски институции.

Прашан зошто се оди со опцијата на домашниот пазар  во услови на другите поевтини извори за финансирање потенцираше дека тоа е план за крај на година на дефицитот и оти тоа моментно е поевтино и од меѓународните финансиски институции кои се поврзани со Еурибор што е над 4 проценти. На домашнииот пазар  задолжувањето е под тој процент, односно домашното задолжување е поевтино дури од Еурибор.

„Тоа е направено плански за дa ги имаме фискалната консолидација  и макроекономските компоненти на ниво со кое што ќе ја задржат макроекономската стабилност, а во исто време нема да чинат многу за буџетот. Значи со релокацијата нема зголемување на дефицитот, нема зголемување на расходите“, рече Бесими. 

Мораме, истакна министерот, да имаме простор да најдеме во која рамка може да се движеме.

„Во однос  на задолжувањето тоа е рамка во која ние може да се движиме во  управувањето на јавниот долг.  Тоа што е важно за граѓаните е дека дефицитот остана ист и со релокацијата на средства расходите не се зголемуваат. Се прави релокација на средства за да се адресираат сите работи кои се случија во меѓувреме, пораст на платите во јавниот сектор, обезбедување  средства за лекови во здравството, пензии и други работи“, рече Бесими, кој учествуваше на  настанот Ерсте Инвесторс Брекфаст во организација на Шпаркасе Банка.

Од април има реален раст на платите. Ефектите од кризите не ги чувствуваат само нашите граѓани, туку се чувствуваат и во Европа и светот. Предизвиците и понатаму остануваат бидејќи има геополитички движења кои влијаат и врз пазарите, изјави Бесими.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бесими рече дека од април платите не растат само номинално, туку реално затоа што инфлацијата се намалува. Она што е поважно, според Бесими, не е само платите реално да растат, туку реалниот раст на платите да биде одржлив.

„Во ниту еден момент не кажавме дека ќе направиме 100 проценти апсорпција на економскиот шок. Македонија беше најпогодена во однос на цените на европскиот пазар и кај нас и ние тој ефект го ублаживме и ќе продолжиме и понатаму. И граѓаните гледаат дека и покрај тоа што се зголемуваат цените, имаше раст на платите и во јавниот и во приватниот сектор гледано во споредба со другите држави“, изјави Бесими.

Потсети дека македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар и дека 160 проценти од БДП е трговијата од која 80 проценти е со ЕУ, а над половина е со Германија која годинава е во рецесија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ