сабота, 27 јули 2024
Министерот за финансии анализира

Бесими вели дека и натаму се трага по трајно решение за платите во јавниот сектор

Објавено на

часот

Сподели

„Во синдикатите гледаме партнер да ги решиме овие работи. Треба да има едно системско, одржливо решение коешто ќе важи за сите во јавниот сектор и со кое ќе нема потреба секои шест месеци да се преговара со синдикатите. Напротив, да имаме решение коешто секоја година ќе важи и тоа во рамки на законот и Општиот колективен договор. Како што минималната плата расте по сила на закон и нема потреба повторно да се преговара, како што пензиите растат по сила на закон, така и со ова решение“, рече Бесими.  

Барањето на синдикатите просечната плата да се земе како основица, како што кажа Бесими, е прифатливо, но со временска дистанца. Во моментот, посочи, во Министерството за финансии се прават пресметките.

Бесими на почетокот рече дека нема замрзнување на платите и дека такво нешто во никој случај не е кажано. Напротив, рече, во последните три-четири години постојано во цел јавен сектор има движење на платите како што се образованието, здравството, безбедносните структури, инспекторатите, судството, обвинителството.

„Значи секаде каде што е констатирана потреба, секоја година имало корегирање на платите нагоре“, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. 

  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ