сабота, 27 јули 2024

Бесими: Ќе има пари во буџетот за ЕСМ за да не поскапи струјата

Објавено на

часот

Сподели

Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ, рече Бесими во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

Toj pосочи дека во текот на изминатата грејна сезона на ЕСМ од Буџетот му беа префрлени вкупно 320 милиони евра за да не поскапат струјата и парното, а со намалувањето на ДДВ-то како поддршка за пониски сметки беа одлеани дополнителни 70 милиони евра или вкупно речиси 400 милиони евра за да не се зголемат цените на енергентите.

@Сметам дека е добро што во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните стои колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат. Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а само политика на Владата е да ја даде субвенцијата. Сметам дека во сметките за оваа година треба да стои и европското знаме, бидејќи од Европската Унија како грант ни се доделени 84 милиони евра за справување со енергетската криза годинава#, рече Бесими.

Тој не ја исклучува можноста европското знаменце да се искористи за носење на законското решение за данок на солидарност од кое во Буџетот се очекува да се слеат 70 милиони евра, кое е закочено на матичната собраниската Комисија за финансирање и буџет каде чекаат уште две законски решенија од реформскиот пакет. Иако веќе помина рокот – 31 мај до кога требаше да се поднесат пресметките за солидарниот данок, вели дека рокот може да се коригира со амандмани.

Во одговор на прашање истакна дека нема хакерски напад на трезорот и додаде дека тој функционира беспрекорно и оти сите плаќања се реализираат непречено.

Трезорот функционира беспрекорно, сите системи функционираат, но се прават понекогаш проверки, а трезорот е безбеден во однос на базата на податоци, рече Бесими.

Toj oбјасни дека коментари за хакерски напад произлегуваат од честите хибридни војни кои се водат во 21 век, како што беше случајот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување.

@Некогаш превентивно се тестира целиот систем, имаше случај кога префрлањето на трезорската канцеларија од Скопје со централата имаше репарирање и само тој ден рачно се правеа плаќањата. Но, нема застој, сите плаќања се реализираат и нема простор за шпекулација“, потенцира Бесими.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ