недела, 3 ноември 2024
Министерот за финансии во СБ

Бесими ја уверува Светска банка дека владините реформи се компатибилни со програмите на Банката и ММФ

Објавено на

часот

Сподели

„Приоритетите кои што се дел од владината реформска агенда се комплементарни со програмите што ги спроведуваме со нашите поддржувачи, ЕУ, ММФ и СБ. Тие се меѓусебно поврзани и имаат крајна цел да обезбедиме инклузивен раст. Тековната Стратегија со Светска банка за периодот 2019-2023 е посветена на  поддршка на општинска инфраструктура, изградба на патиша, модернизација на земјоделството, енергетска ефикасност, реформи во социјалниот сектор и основното образование. Приоритетите коишто ќе бидат дел од натамошната соработка со Светската банка ќе бидат дефинирани согласно веќе усвоените правила за мерење на резултатите“, кажал министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додал дека со реформата која се спроведува во управувањето со јавните финансии, веќе се воспоставија фискалните правила, кои се однесуваат на нивото на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и индикатори на успешност, односно да се инвестираат парите онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Законот за буџети веќе е усвоен. Со Светска банка се работи на воспоставување на новиот Интегиран информациски систем – ИФМИС, кој произлегува од Законот, како и на зајакнување на човечкиот капитал, а за што е изработена Стратегија за развој на човечкиот капитал, се вели во соопштението.

Кризите во изминатиот период, како ковид-кризата и енергетската и ценовната криза, според министерот ги детектираа дигитализацијата, вложувањето во човечкиот капитал и енергетиката како области во кои треба да се насочат инвестиции, а кои крајно ќе испорачаат подобри економски резултати.

Светска банка во земјава досега има обезбедено техничка и финансиска помош во 65 проекти во вредност од над 2,8 милијарди америкаснки долари. Во моментов се работи на 9 проекти во вредност од 404 милиони америкаснки долари. Поддршката во наредниот период ќе биде насочена во одржлив развој на општините, квалитет на воздухот, дигитална економија, како и  справуање со енергетската криза.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во рамки на Пролетните средби на ММФ и СБ, претходно оствари средби со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, како и со алтернативниот извршен директор, Лук Дресе. За време на посетата во САД имаше средби во седиштето на ООН, како и средба со претставници на Трезорот на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ