четврток, 13 март 2025

Бесија Иљази од Клиниката за токсикологија ја призна вината и доби само условна казна

Бесија Иљази, поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, доби условна казна откако призна вина на рочиштето во Кривичен суд. Таа е осудена за злоупотреба на службената положба и овластување. Таа како директорка на Клиниката за токсикологија, кога на работа доаѓала со преведувач, ги пречекорила службените овластувања со тоа што на 18 лица им овозможила противправна имотна корист.

Објавено на

часот

Сподели

Од Клиниката за токсикологија најавуваат дека во друга постапка ќе бараат отштета од Иљази за финансиските загуби што ги претрпе, како и за нарушувањето на угледот на Клиниката за време на нејзиното директорување.

Иљази во 2023 година склучила договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. Штетата е 659.781 денар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ