четврток, 20 јуни 2024

Бешлиовска: Медицинските сестри зминуваат во странство и се откажуваат од професијата

Медицинските сестри масовно заминуваат од државните болници во приватните, но и во странство, а има и такви кои заминуваат од професијата, алармираа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки „За нас“. 

Објавено на

часот

Сподели

„Заминуваат и сестри кои се повозрасни, со повеќе работен стаж, а тоа што нас најмногу не загрижува е тоа што не заминуваат само во приватниот сектор или во странство, туку заминуваат од професијата, одат да работат нешто друго“, истакна претседателката на Здружението Гордана Бешлиовска на прес-конференција.

Таа потенцираше дека бараат стратегија за медицинските сестри, да се признаe нивното образование, како и да се инвестира во нивното образование и едукација.

„Сестрите не се само бројки и коефициенти, тие не се само преточени во барања за плата. Нас ни фали приоритет, внимание, инволвирање во здравствените политики, ни требаат можности за да кажеме што е потребно за нас“, рече Бешлиовска.

Таа истакна дека во болниците има сестри со завршено средно образование кои имаат неверојатни вештини и знаења и апелираше да се врати нивниот авторитет бидејќи, како што рече, тие се оние кои треба да ги едуцираат младите сестри.

Бешлиовска се осврна и на Вториот конгрес на медицински сестри што се одржа од 13 до 15 октомври во Струга на кој, како што рече, бил поканет и министерот за здравство, кој бил оправдано отсутен поради деловно патување. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ