четврток, 23 мај 2024

Беше рекордно засилување на Арсенал вредно 80 милиони евра, а сега е вишок и во Турција

Николас Пепе ќе го напушти Трабзонспор по крајот на сезоната како слободен играч, фудбалерот од Брегот на Слоновата коска не ги оправда очекувањата и не доби понуда за продолжување на соработката.

Објавено на

часот

Сподели

Николас Пепе во 2019 стана најскапото засилување во историјата на Арсенал, „топчиите“ на Лил му платија 80 милиони евра.

Но офанзивниот фудбалер никогаш не ја оправда огромната инвестиција, се мачеше со формата и на мала врата си замина од „Емирати“.

Трабзонспор реши да му даде шанса, но и таму не пројде најдобро, постигна само 5 гола на 19 натпревари и стана вишок и во Турција.

Последните информации велат дека Трабзонспор нема да му понуди нов договор, па Николас Пепе ќе замине по крајот на сезоната како слободен играч.

Се говори дека клубови од Саудиска Арабија сакаат да го ангажираат, но неговиот приоритет е останување во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ