вторник, 24 декември 2024

Беше најскап британски фудбалер а сега игра за „ситни“ пари: Платата ми е помала од киријата!

Енди Керол проговори за одлуката да се пресели во Бордо во четвртата лига на Франција, вели дека парите не биле главниот мотив и доколку го интересирале финансиите, ќе прифател предлог од Саудиска Арабија.

Објавено на

часот

Сподели

Енди Керол во 2011 стана најскапиот британски фудбалер откако Ливерпул реши да плати 35 милиони фунти за негов ангажман.

Напаѓачот никогаш не ја оправда инвестицијата, и неговата кариера тргна во надолна линија по преселбата на Енфилд.

35 годишниот Англичанец ова лето изненади со одлуката за својата иднина и реши да се пресели во Бордо, во четвртата лига на Франција.

Одредени медиуми шпекулираа дека неговата плата е 3,500 евра месечно, но Енди Керол вели дека всушност игра за помалку.

„Не, платата ми е значително пониска. Нема да ви кажам колку точно заработувам, но за да имате престава, кога се преселив тука, изнајмив една мала куќа, и мојата плата е помала од киријата која ја плаќам“ – вели Енди Керол.

„Не се преселив во Бордо поради парите. Имав и други понуди, можев да играм и во Саудиска Арабија, но тоа не ме интересираше“.

Се верува дека Енди Керол во Борди игра за помалку од 2,500 евра месечно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ