сабота, 27 јули 2024

Коалиција Вреди: Само Села и Апасиев не гласаа за Албанец член на ДИК

Блерим Сејдиу од коалицијата Вреди денеска изјави дека само пратениците од групата на Зијадн Села и двајцата пратеници на Левица на Диитар Апасиев вчера во Собранието не гласаа за Абдуш Демири кој со 90 гласови беше избран за член на Државната изборна комисија,. „Јавноста треба да знае дека и покрај коалицијата Села-Апасиев, како мутација на ДУИ, со изборот на членот во ДИК, коалицијата Вреди постигна прва голема победа“, рече Сејдиу.

Објавено на

часот

Сподели

„Од друга страна, јасно се гледа дека ДУИ се претвори во политичкa изолирана партија, особено од меѓународните стратешки партнери на Албанците. ДУИ и нејзините политики со комунистички особини, кои се под режија на руски и српски бизниси во земјава, веќе секојдневно пропаѓаат и не можат да го држат државниот систем под свои канџи.
За среќа на сите албански граѓани, за среќа и на државата, демократскиот дух во државата почнаа да доаѓа со сигурни чекори, кои ги превзема коалицијата Вреди. Абдуш Демири е кадар кој со својата работа во минатото докажаа дека ДИК ќе се бори за демократски и коректни изборни процеси. Демири, една година раководеше со Агенцијата за вработување и таа година оваа институција беше прогласена за најуспешна и меѓу ретките со нулта корупција“, рече Сејдиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ