„На оваа трибина беше договорено секоја мала акција да донесе промени, затоа не треба да молчиме, треба да го кренеме гласот, свеста и поддршката за иницијативите кои водат кон елиминирање на насилството врз жените и девојчињата и дека заедно можеме да изградиме општество без насилство!“, информираа од Движењето Беса.
Беса: Не треба да молчиме за насилството врз жените и девојчињата
Форумот на жени на Движењето Беса, денеска организираше трибина во рамки на 16-те дена активизам против насилството врз жените. Панелистите покажаа бројни случаи на насилство врз жените во нашата земја, било да е тоа физичко, емоционално, психичко и економско насилство и дека тоа не е само приватно прашање, туку и социјален проблем кој не засега сите нас.
Објавено на
часот