сабота, 27 јули 2024

Беса: Криминалот и корупцијата на ДУИ и СДСМ се при крај

Македонија се движи кон иднината со целосна надеж, достоинство и стабилност. Вчера во Собранието оставки поднесоа челниците на криминалот и корупцијата во земјава. Ова е само почетокот на крајот на криминалот на ДУИ и СДСМ кои четири години произведуваа само казина, обложувалници, тендери за семејства, уништување на образованието, неуспех во економскиот развој и губење на надежта, се вели во соопштението на Беса по вчерашните оставки на Талат Џафери од спикерсткото место во Собранието и на Димитар Ковачевски од премиерската функција.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа Влада ќе остане запаметена по Соравиа, развојот на коцкањето, збогатувањето со парите граѓаните, ја збогатија фирмите на сопругата на премиерот, децата и внуците на Али Ахмети, развојот на српскиот и рускиот бизнис во земјава, како и неуспехот за евроинтеграците.

Но, овие криминални постапки на власта придонесоа за обединување на албанскиот опозициски фронт и обединување на силите на сите граѓани кои се против деструктивните политики во овие две децении.

8 мај доаѓа и граѓаните ќе одлучат за една иднина полна со достоинство и сигурна европска иднина“, соопшти Беса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ