петок, 18 октомври 2024

Беса и Алтернатива се против уставните измени ако не одат во пакет со бришење на 20%

Објавено на

часот

Сподели

Фадил Зендели од Беса за ТВ Алсат вели дека се бесмислени изјавите на лидерите на ДУИ и Алијанса, оти фокусот сега не треба да се става на ова прашање. Тој вели дека уставни измени многу ретко се случуваат и затоа сега е време ова прашање да се реши.

Не можам да ги разберам изјавите на претседателот на ДУИ и други функционери на Алијанса… Министерот за правда формира работна група и вели дека прашањето за 20 проценти ќе биде дел од расправата во оваа работна група. Но на крајот заклучоците на работната група, што одат во Владата, не го вклучуваат и прашањето на 20 проценти. Ова значи дека станува збор за злоупотреба на оваа тема од страна на високи функционери од двете албански партии кои се на власт. Но во суштина тоа завршува со тендери, со блиски интереси на функционерите и нивните групи на интереси“, изјави Зендели.

Од Алтернатива велат дека не гледаат причина некаква геополитичка цел да биде поважна од интересот на граѓаните на земјата и албанскиот јазик да продолжи да се нарекува со навредливиот термин „20 проценти“.

Оние, на кои им пречи борбата против корупцијата и името на албанскиот јазик, изгледа се плашат од своето минато и не им остава впечаток тоа што нашиот јазичен и национален идентитет треба да биде понижен. Ако оваа влада не е подготвена за овие барања, тоа е многу лоша вест за неа“, велат од Алтернатива.

Министерот за правда Кренар Лога вели дека прво треба да се дојде до согласност меѓу македонските партии за вклучување на Бугарите во Уставот.

Албанците не можат да се откажат од барањата формулацијата 20% да се промени и да стане албански јазик. Сега останува приоритет преамбулата, за која очекуваме консензус. Во првиот момент кога ќе се постигне овој консензус со македонските политички партии, веднаш ќе ги побараме и овие уставни измени, а можеби и пред овие уставни измени, да се постигне и тоа“, рече Лога.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред неколку дена рече дека терминот „20%“ не ја загрозува суштината на Охридскиот договор.

20% не ја загрозува суштината на Охридскиот договор. Дали е 20%, или е албански јазик, суштината не се менува. Ние сме посветени на уставни измени и сите напори одат во насока да се случат“, изјави Ахмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ