„САД не смеат повеќе да ѝ испраќаат бомби на екстремистичката влада на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху, која веќе уби 45.000 луѓе, уништи станбени, здравствени и образовни системи во Газа и предизвика глад со блокирањето на хуманитарната помош“, порача Сандерс на социјалната мрежа Икс.
The U.S. must not send more bombs to Netanyahu’s extremist government, which has already killed 45,000 people; destroyed Gaza’s housing, healthcare, and educational systems; and caused starvation by blocking humanitarian aid.
I will do all that I can to block these arms sales. https://t.co/wUmTLZK3qR
— Bernie Sanders (@SenSanders) January 7, 2025
Сандерс ова го кажа откако Стејт департментот неформално го извести Конгресот за предложениот договор за оружје со Израел вреден осум милијарди долари, кој вклучува испраќање муниција за борбени авиони и артилериски гранати.
Предложената продажба, која треба да биде одобрена од Конгресот, вклучува ракети АИМ-120Ц-8 АМРААМ за одбрана од закани од воздух, вклучувајќи дронови, артилериски гранати од 155 милиметри, мали бомби, боеви глави, детонатори за бомби и друга опрема.
Соединетите Американски Држави се соочуваат со критики поради пружањето воена помош на Израел поради тоа што над 45.000 Палестинци, главно жени и деца, се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелската војна.
Неколку групи за човекови права, поранешни функционери на Стејт департментот и демократски пратеници ја повикаа администрацијата на претседателот во заминување Џо Бајден да ја сопре продажбата на оружје на Израел, наведувајќи го кршењето на законите на САД, како и меѓународните закони и човековите права.