понеделник, 21 октомври 2024
Барса има адут плус во преговорите со Манчестер Сити

Бернардо Силва го известил Гвардиола дека сака трансфер на Камп Ноу

Објавено на

часот

Сподели

Барнардо Силва е топ трансфер цел на Чави и Барселона ќе се обиде да го донесе фудбалерот до крајот на летниот преоден рок, но зделката воопшто не е лесна.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Манчестер Сити веќе го одбил првиот предлог на „каталонците“.

Спорт пишува за понуда за позајмица на Бернардо Силва (во пакет со Жоао Кансело) со обврска играчот во целост да биде купен следното лето, но одговорот бил НЕ.

Мундо Депортиво пак пишува дека на маса биле ставени 50 милиони фунти, нешто помалку од 60 милиони евра, недоволно за позитивен одговор.

МД додава дека Бернардо Силва итно побарал средба со Пеп Гвардиола за да го извести дека сака да замине од Манчестер Сити и да се пресели на Камп Ноу, смета дека неговиот циклус на Етихад е завршен по триумфот во Лигата на шампиони.

Португалецот исто така го потсетил тренерот на ветувањето од минатото лето, дека ќе му биде дозволено да направи трансфер во Барселона доколку пристигне разумна понуда.

Останува да се види што Пеп Гвардиола и Манчестер Сити подразбираат под разумна понуда, „граѓаните“ веќе одбија 80 милиони евра од ПСЖ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ