среда, 29 мај 2024

Берлин го нарече шпионирањето на европарламентарец за Кина „многу опасно“

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер денеска изрази загриженост поради обвинувањата дека асистент на членот на Европскиот парламент на Алтернатива за Германија (АфД) Максимилијан Крах шпионирал за Кина и ги оцени тие обвинувања како „многу опасни“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако се потврди дека некој шпионирал за Кина во Европскиот парламент, тоа е напад врз европската демократија однатре. Секој што вработува таков работник носи одговорност. Овој случај мора детално да се разјасни. Сите врски и заднини мора да бидат расветлени“, рече таа, објави весникот Нахрихтен хојте.

Претседателот на комисијата за парламентарна контролна на Бундестагот, Константин фон Ноц, од Партијата на зелените, апсењето на наводниот вработен пратеник на АфД Крах поради шпионирање за Кина го гледа како дополнителен „доказ за авторитарните тенденции на партијата“.

„АфД е партија на диктатурата“, изјави тој.

„На крајот на краиштата, тоа е моделот што партијата го има на ум за Германија. Таа не крие дека ја презира нашата демократија и нашата уставна држава. И тоа очигледно ги прави нивните политичари мошне ранливи на влијанието и контролата на Кина и Русија. Не зборуваме за поединечни случаи, сѐ има структура и влијае на целата партија“, рече Фон Ноц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ