сабота, 27 јули 2024

Бербок: Ако не го сакаме Путин на нашите граници, мораме да ги здружиме силите за победа на Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави денес, за време на ненајавената посета на Киев, дека е потребна поголема меѓународна поддршка на противвоздушната одбрана на земјата пред руската офанзива.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега мораме да ги здружиме сите наши сили за Украина да може да преживее и за трупите на (рускиот претседател Владимир) Путин наскоро да не се најдат на нашите граници“, кажа Бербок.

Западната иницијатива за повеќе противвоздушна одбрана која ја иницираше заедно со министерот за одбрана Борис Писториус собрала околу милијарда евра за да се пружи дополнителна поддршка на противвоздушната одбрана на Украина.

„Ние интензивно работиме оваа сума да стане поголема“, кажа таа.

Бербок оцени дека и идното членство на Украина во Европската Унија е „неопходна геополитичка последица на руската нелегална агресорска војна, која го крши меѓународното право“. Шефицата на германската дипломатија планирала денес да го посети Харков, но патувањето е откажано од безбедносни причини.

„Ситуацијата во Украина повторно драматично ескалираше со силните воздушни напади на цивилната инфраструктура и бруталната руска офанзива во областа на Харков“, кажа Бербок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ