четврток, 26 декември 2024

Бензинот поскапе, возете јахти!

Објавено на

часот

Сподели

 

Азимут 72S ги постави новите граници во уметноста на наутиката. Веќе со години е инспирација на идните генерации на спортски јахти. Простран и сјаен, главниот простор е еден од оние во кои хармонијата на комфорот доаѓа до полн израз. Може да ја видиме со чисти линии, автоматизирана, изработена од најдобри материјали.
Погледот низ широките и големи прозорци е единствен. Дневниот престој идеално е поделен на два дела, трпезарија и простор за седење, кој е одраз на елеганцијата.
Мебелот на надворешната тераса со својот облик во потполност се согласува со ентериерот, а тука е и скарата, која се пали со допир на копче.


Надворешноста на јахтата е со аеродинамичен облик, сепак има исклучително пространа горна палуба и големо подвижно стакло на покривот. На горната палуба се наоѓа просторот за одмор, каде што може да се опуштиме пиејќи коктел на сонце. Сместен е крај возачкото седиште, кое изгледа многу футуристички.

На оваа јахта нема да ви недостига домот

Двата силни мотори што ја движат оваа јахта имаат 1.800 КС, а постигнуваат брзина од 40 јазли.
Спалната соба е во центарот на јахтата, па пружа неповторлив поглед на морето низ шесте прозорци.
Нема збор дека домот нема да ви недостига додека сте на оваа јахта. А и цената ѝ вреди, велат добрите познавачи, зашто иако е „бесна”, крајно е економична.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ