вторник, 5 март 2024

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика соопштува дека од полноќ бензините и дизелот горивото поскапуваат за 1,5 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,5 денари за еден литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22 јануари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се намалува за 0,293 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22 јануари.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС95  –      79,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС98 –       81,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) –   76,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,439 (денари/килограм).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ