Бензините и дизелот поскапуваат, цената на мазутот се намалува

Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува. Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на еуросупер БС-98, на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за еден денар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, ќе се намали за 0,426 денари.

часот

Еуросупер БС ќе чини 95 79,50 денари за литар, еуросупер БС 98 ќе се продава по 81,50 денари за литар, а дизел горивото по 73,50 денари за литар. Екстра лесното масло ќе чини 73 денари за литар, а мазутот 45,285 денари за килограм.

Со Одлуката на РКЕ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 8 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ