недела, 20 октомври 2024
Му заврши кошмарот кој траеше две години

Бенжамин Менди доби ослободителна пресуда и веднаш си најде нов клуб

Објавено на

часот

Сподели

Бенжамин Менди стана најскапиот дефанзивец во Премиерлигата кога Манчестер Сити му плати на Монако 52 милиони фунти во 2017 година.

Но животот на Французинот се претвори во кошмар кога во август 2021 година беше уапсен и обвинет за силување.

Судскиот процесес траеше две години, за на крајот левиот бек да ја добие правната битка и минатата недела да добие ослободителна пресуда по сите обвинувања.

Неговиот договор со Манчестер Сити истече на 30. јуни, па тој не трошеше многу време да си најде нов клуб и попладнево пристигна информација дека Бенжамин Менди се враќа во Лига 1 и потпишал на две сезони со Лориен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ