Карим Бензема синоќa беше промовиран како нов фудбалер на Ал Итихад, Французинот стана второто звучно име по Кристијано Роналдо кое реши да ги прифати лудите суми кои ги нудат Арапите (се говори дека и тој ќе заработува по 200 милиони евра годишно).
„Саудиска Арабија сака да донесе фудбалери кои се уште можат да дадат голем придонес и кои ќе можат да го подигнат нивото на фудбалот во Саудиска Арабија“ – вели професорот Жан Баптист Геган.
„Во потрага се на играчи кои и понатаму играат на врвно ниво и кои имаат големо влијание, односно многу следбеници на социјалните мрежи“.
„Фудбалерите пак ќе можат да влезат во инвестиции кои претходно немало шанси да ги направат“.
„На пример, Карим Бензема слободно може да се врати во Франција и да го купи Лион“.