петок, 18 октомври 2024
Го напушта „Бернабеу“ по 14 години

Бензема сепак ги одбра милионите на Арапите, Реал соопшти дека напаѓачот заминува од Мадрид

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период имаше многу шпекулации за заминување на Карим Бензема од „Сантијаго Бернабеу“, напаѓачот доби богат предлог од Саудиска Арабија кој тешко се одбива.

Пред неколку дена се чиниеше дека тој сепак ќе одолее на милионите на Арапите и рече: „Немам зошто да зборувам за иднината, јас сум во Реал Мадрид. Реалноста е друга, а не она што се кажува на интеренет“.

Многумина ова го протолкуваа како сигнал дека Карим Бензема ќе продолжи во Мадрид, но попладнево пристигна официјална потврда дека тој заминува.

„Реал Мадрид и Карим Бензема се договорија да ја завршат оваа брилијантна и незаборавна етапа како фудбалер во нашиот клуб“ – гласеше соопштението.

„Реал Мадрид сака да покаже благодарност и љубов кон играчот кој е една од нашите најголеми легенди“.

Карим Бензема во вторник ќе каже збогум на настан на кој ќе присуствува и првиот човек на клубот, Флорентино Перез.

Се очекува напаѓачот да ја продолжи кариерата во Ал Итихад каде ќе заработи околу 200 милиони евра за две години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ