сабота, 27 јули 2024

Бензема им се налутил на навивачите на Ал Итихад и си заминал од Саудиска Арабија

Францускиот напаѓач Карим Бензема ненадејно ја напушти Саудиска Арабија од лични причини, откако локалните медиуми пишуваат дека тој не бил на последниот тренинг на Ал Итихад одржан во петокот.

Објавено на

часот

Сподели

Тој не минува најдобро на Блискиот Исток, бидејќи неговиот тим неодамна беше поразен од Ал Наср со 2-5, а Французинот ниту оддалеку не е во добра форма. Поради сето ова, Бензема се најде на жесток удар на навивачите, кои меѓу другото го нарекоа „Бен Хазима“, што на арапски значи „син на поразот“.

Напаѓачот одговори така што прво го избриша својот Инстаграм профил поради големото вербално малтретирање што го доживеа таму, а потоа и наеднаш го напушти местото каде што живее. Тоа дефинитивно наведува дека наскоро ќе почне да се зборува за нов трансфер.

Бензема летово го напушти Реал и замина во Ал Итихад каде што беше платен огромни 200 милиони евра по сезона, поради што очекувањата од него се огромни. Сепак, Бензема на 20 натпревари постигна 12 гола, што очигледно не ги задоволува Арапите. Веќе е речиси сигурно дека Ал Итихад нема да ја брани титулата, бидејќи заостануваат 15 гола зад лидерот Ал Хилал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ