Тој не минува најдобро на Блискиот Исток, бидејќи неговиот тим неодамна беше поразен од Ал Наср со 2-5, а Французинот ниту оддалеку не е во добра форма. Поради сето ова, Бензема се најде на жесток удар на навивачите, кои меѓу другото го нарекоа „Бен Хазима“, што на арапски значи „син на поразот“.
Напаѓачот одговори така што прво го избриша својот Инстаграм профил поради големото вербално малтретирање што го доживеа таму, а потоа и наеднаш го напушти местото каде што живее. Тоа дефинитивно наведува дека наскоро ќе почне да се зборува за нов трансфер.
Бензема летово го напушти Реал и замина во Ал Итихад каде што беше платен огромни 200 милиони евра по сезона, поради што очекувањата од него се огромни. Сепак, Бензема на 20 натпревари постигна 12 гола, што очигледно не ги задоволува Арапите. Веќе е речиси сигурно дека Ал Итихад нема да ја брани титулата, бидејќи заостануваат 15 гола зад лидерот Ал Хилал.