сабота, 27 јули 2024
Ла Лига

Бензема и Родриго му дадоа голови на Димитриевски, Реал го победи Рајо (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен во 31. минута кога фудбалерите на Реал Мадрид брзо реагираа по еден прекин, направија акција, а Бензема му даде гол на нашиот Димитриевски за водство од 1-0.

Рајо Ваљекано одлично играше, храбро се носеше со посилниот противник, тоа резултираше со израмнување во 84. минута. Голот го постигна Де Томас.

Но, нерешениот резултат траеше само пет минути, во 89. минута Родриго пласираше убаво во голот на Димитриевски за ново водство и победа на Реал Мадрид од 2-1.

Севиља одигра 1-1 на гостувањето кај Елче, а Виљареал на свој терен го совлада Кадиз со 2-0.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ