сабота, 27 јули 2024

Бенфика е пресилна за Ал Наср, Ди Марија си поигруваше со Роналдо (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бенфика го победи Ал Наср со 4-1, тимот од Саудиска Арабија изгледаше лошо иако португалскиот тим во второто полувреме комплетно го промени тимот. 

Од 23. до 39. минута Бенфика даде три гола, еднаш погоди Ди Марија, двапати Рамош. Во финишот од првиот дел Ганам намали на 3-1. Конечните 4-1 ги постигна Шјелдеруп во 68. минута.

Во текот на мечот Ди Марија имаше потег кој го понижи неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

За разлика од Бенфика која во второто полувреме излезе со 11 нови фудбалери, Ал Наср првата замена ја направи во 70. минута од натпреварот. Направија само четири измени, Роналдо излезе во 84. минута.

Поразот од Бенфика, доаѓа веднаш по дебаклот од Селта кога Ал Наср загуби со 5-0. Според резултатите, Саудијците се уште далеку од квалитетот на европските клубови, тешко и дека некогаш ќе се приближат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ