Милан со минимална предност ќе гостува следната недела во Неапол, вечерва избраниците на Пиоли со 1-0 го добија првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Единствениот погодок на мечот падна на пет минути пред крајот на првиот дел, една топка стигна до Исмаел Бенасер, кој биеше прецизно по земја и го совлада Мерет.
Наполи имаше свои шанси, во една беше инволвиран и нашиот Елиф Елмас, кој на стартот од вториот дел биеше со глава од 15 метри, но Мањан и пречката спречија славје на Македонецот и спектакуларен гол.
Гостите завршните петнаесетина минути ги одиграа со играч помалку, Замбо Ангиса за кратко време два пати влезе во бележникот на судијата и беше исклучен.