сабота, 27 јули 2024

Бен Арфа како Марадона (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Французинот на куп-мечот со Блекбурн постигна гол во стилот на славниот Диего Марадона, откако од половина терен во соло-продор со низа дриблинзи го матира голманот на противникот. Бен Арфа одамна важи за еден од најталентираните француски фудбалери, но повредите засега го спречија да го покаже сиот раскош на својот талент.

Повеќе од сигурно е дека овој гол ќе биде во најтесниот круг на изборот за гол на 2012 година на ФИФА. ФИФА ја доделува наградата „Ференц Пушкаш“ за гол на годината, а денеска ќе биде познато кој гол ќе ја понесе таа награда за 2011 година.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=Sy3DJjmyRp8]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ