сабота, 27 јули 2024

Белорусија воведува СМС известувања за мобилизација

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон со кој се бара известувањата за мобилизација да се испраќаат и преку СМС пораки, објави Националниот правен интернет портал на Белорусија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните преку СМС пораки можат да се информираат за неопходноста да се пријават во воениот комесаријат во местото на живеење“, се наведува во документот, пренесува РБЦ Украина.

Дополнително, во случај на мобилизација ќе биде потребно задолжително пријавување преку СМС.

Законот прецизира дека „кога ќе бидат повикани на воена служба за време на мобилизација, белоруските граѓани се исто така должни да присуствуваат на настаните од повикот за регрутирање, за што се информираат преку СМС пораки“.

Со оглед на тоа што во Белорусија бројот на мобилниот телефон може да се добие само со пасош, телекомуникациските оператори мора да ги дадат броевите на регрутите на барање на воените комесаријати во рок од една недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ