Организациите за човекови права проценуваат дека во Белорусија има повеќе од 1.000 политички затвореници, вклучително и водачи на протести и противници на Лукашенко уапсени во 2020 година.
Помилувани се 23 лица, три жени и 20 мажи, за кои властите соопштија дека извршиле „злосторства ориентирани кон екстремистите“.
Идентитетот на помилуваните не е откриен и не е сигурно дали меѓу нив има истакнати личности од опозицијата.
Политичките затвореници во Белорусија се држат во тешки услови, честопати лишени од пристап до адвокати или контакт со семејството.
Повеќе од 200 лица беа ослободени во серија амнестии во изминатите шест месеци, по повод изборите на 26 јануари, на кои се очекува повторно да победи Лукашенко, кој е на власт од 1994 година.
Лукашенко нема да се соочи со вистинска опозиција на овие избори, при посетата на фабрика минатата недела рече дека не гледа смисла да учествува во дебати и дека не ја ни следи изборната кампања.