сабота, 27 јули 2024

Белорусија го забрани Дојче веле означувајќи го како екстремистички

Белоруските власти го прогласија денес белорускиот сервис на германскиот државен медиум Дојче веле за екстремистичка организација и ги забранија неговите активности во земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова значи дека секој го произведува содржини за белорускиот сервис на Дојче веле потенцијално може да добие седумгодишна затворска казна. Секој кој ги чита и реемитува написите на Дојче веле може да биде прогласен за виновен за прекршок или кривично дело.

Генералниот директор на Дојче веле Петер Лимбург ја критикуваше одлуката оценувајќи дека обвиненијата против тој медиум се неосновани и не ја одразуваат вистинската природа на белорускиот сервис.

Белоруските власти веќе прогласија 199 организации за екстремистички и ја користат таа ознака за да ги задушат критиките во земјата. На списокот се белорускиот сервис на Радио слободна Европа и прозападната белоруска телевизија Белсат која емитува на белоруски од главниот град на Полска Варшава.

„Ситуацијата со слободата на говорот во Белорусија е најлоша во Европа“, кажа Андреи Бастунец, шеф на Белоруското здружение на новинари, додавајќи дека Белорусија е „како европска Северна Кореја“.

Белорускиот сервис на Дојче веле има седиште во Бон и таа медиумска куќа ја финансира германската влада.

Според Белоруското здружение на новинари во моментов има 36 новинари во затвор во Белорусија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ