сабота, 27 јули 2024

Белорусија го екстрадира рускиот самохран татко што се соочува со затвор поради антивоени коментари

Објавено на

часот

Сподели

Алексеј Москаљов на крајот на минатиот месец беше осуден на двегодишна затворска казна од страна на судот во областа Тула за „дискредитација“ на руската војска поради антивоените коментари што ги пишувал на социјалните мрежи.

Сепак, непосредно пред изрекувањето на пресудата, 53-годишникот побегна од домашен притвор, а неколку дена подоцна беше приведен од властите во белорускиот главен град Минск.

Руското Министерство за надворешни работи подоцна соопшти дека Москаљов го чека екстрадиција назад во Русија во притворниот центар во Жоџина, град што се наоѓа на околу 50 километри северозападно од Минск.

Веста за екстрадицијата на човекот дојде денеска откако белоруски активист за граѓански права се обидел да се сретне со него, објави ОВД-инфо.

Москаљов беше приведен откако неговата ќерка, 13-годишната Марија Москаљова, нацртала антивоен цртеж на училишниот час по уметност. Властите му ја одзедоа Москаљова на д нејзиниот татко и ја сместија во малолетнички притвор во нејзиниот роден град Јефремов во регионот Тула.

Москаљов минатиот четврток требаше да се појави пред судот во Тула на рочиштето на кое се очекуваше да му биде одземено старателството над ќерката, но тој не се појави на рочиштето.

На 6 април Москаљова ѝ беше предадена на нејзината отуѓена мајка, со која нема разговарано повеќе од седум години.

Кремљ го бранеше случајот против Москаљов, опишувајќи го неговото родителство како „мизерно“.

Русија и нејзиниот сосед Белорусија формално се здружени во „државна заедница“ и соработуваат со екстрадициите. Практично нема гранична контрола меѓу двете земји, вели Москва тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ