среда, 23 октомври 2024

Китот „руски шпион“ Хвалдимир најден мртов во Норвешка (ВИДЕО)

Хвалдимир, китот белуга за кој се верува дека бил обучен да шпионира за Русија, е пронајден мртов во водите на Норвешка во саботата, пет години откако локалниот брег му станал дом.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Безживотното тело на Хвалдимир го откриле двајца рибари во саботата наутро во близина на градот Рисавик, објавија морските заштитници од непрофитната организација Марин мајнд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marine Mind (@marinemind_org)

„Нашиот тим го најде Хвалдимир како мирно плута по водата. Засега не е јасно што ја предизвикало неговата смрт, а ќе биде извршена обдукција за да се утврди зошто рано починал“, велат оттаму.

Хвалдимир, чие име е игра на зборови од норвешкиот збор за „кит“ и името на рускиот лидер Владимир Путин, првпат го привлече вниманието во 2019 година кога се појави на северниот брег на Норвешка носејќи појас со гоу-про.

Неколкуте снимки од појасот беа означени како „Опрема од Санкт Петербург“, поттикнувајќи ја теоријата дека Хвалдимир бил обучуван да шпионира од руската војска.

Русија има искуство со тренирање на морски животни како делфини и белуга китови, практика што датира од Советскиот Сојуз и продолжува и денес. Американската морнарица исто така тренираше делфини да расчистуваат мини и да се бранат од нуркачи.

Марин Мајнд, која ѝ беше посветена на грижата за Хвалдимир откако тој се појави, рече дека знае малку за минатото на китот белуга и не може да потврди дали Русија претходно го заробила.

„Хвалдимир беше многу заинтересиран за луѓето и одговараше на сигнали со рака. Врз основа на овие набљудувања, се чинеше дека Хвалдимир пристигнал во Норвешка преминувајќи од руските води, каде што се верува дека бил заробен“, велат тие.

Но ако бил обучен од Кремљ, Хвалдимир се чини дека пребегнал, постепено патувајќи на југ во понаселените региони на Норвешка во последните четири години.

Тој брзо стекна статус на славна личност кога се појавија видеа на кои нежно комуницира со луѓето, ја крева главата од водата за да ги поздрави жителите и им носи подароци во устата. Кон крајот на 2019 година, тој беше снимен како си игра со рагби-топка.

Неговата смрт е шок за тимот, изјавија тие за локалната телевизија НРК.

Се веруваше дека Хвалдимир има околу 15 години, а китовите белуга можат да живеат до 60 години во дивината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ