сабота, 19 октомври 2024

Белингем убаво ги предупреди Мбапе, Винисиус и Родриго, еве што им кажа на полувремето (ВИДЕО)

Камерите уловија интересен разговор во тунелот помеѓу Џуд Белингем, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго, Англичанецот ги предупреди напаѓачите дека мораат да ги реализираат шансите.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид синоќа киксираше на гостувањето кај Мајорка на отварањето на новата сезона во Ла Лига.

„Кралевите“ поведоа преку Родриго во првото полувреме, но домаќините преку Муриќи изедначија во вториот дел.

На социјалните мрежи сега се споделува еден разговор од полувремето, Белингем ги предупреди Мбапе, Винисиус и Родриго дека мораат да ги реализираат шансите бидејќи тешко се враќаат назад и може да стигне казна, што и се случуваше во второто полувреме.

„Вие тројца, мора да ги финиширате акциите, бидејќи трчање назад… е еб*но тешко“ – рече Англичанецот.

Мбапе потоа се надоврза: „Токму тоа го велам. Мора да реализираме“.

Во второто полувреме, имаше неколку ситуации во кои Мајорка преку контри и полу-контри сериозно се закани и можеше да го шокира фаворитот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ