сабота, 19 октомври 2024

Белингем се повреди, ќе пропушти најмалку три натпревари на Реал Мадрид

Џуд Белингем се повредил на тренинг и ќе биде во аут во наредниот период, се прогнозира дека ќе се врати по паузата за репрезентации.

Објавено на

часот

Сподели

Белингем порано го завршил тренингот откако добил удар. Врз него веднаш биле направени тестови и била утврдена повреда на мускул од десната нога. Повреда за која се прогнозира дека ќе биде надвор од теренот еден месец.

Тоа значи дека со сигурност ќе ги пропушти наредните три натпревари на Реал Мадрид, дуелите со Ваљадолид, Лас Палмас и Бетис, сите во Ла Лига.

Потоа следува пауза за репрезентации, па веројатно би бил подготвен за дуелот со Реал Сосиедад на 15. септември, евентуално за мечот против Еспањол кој се игра седум дена подоцна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ