сабота, 19 октомври 2024
Зделка вредна 137 милиони евра

Белингем е нов „галактико“, Реал го потврди трансферот на Англичанецот

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид синоќа го промовираше Брахим Диаз како засилување за сезоната 2023/24, Шпанецот се врати на „Бернабеу“ по три години на позајмица во Милан.

Попладнево беше потврден уште еден трансфер, Џуд Белингем е нов „галактико“.

„Реал Мадрид и Борусија Дортмунд постигнаа договор за трансферот на Џуд Белингем, кој стави потпис на шестгодишен договор“ – гласеше известувањето на Реал Мадрид.

Детали од зделката не беа откриени, претходно Борусија Дортмунд во известување до своите акционери обелодени дека Реал Мадрид ќе плати 103 милиони евра, плус додатни 34 милиони евра во бонуси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ