„Кралевите“ изминатово лето инвестираа преку 100 милиони евра за ангажман на Џуд Белингам, и ако се суди по партиите кои ги прикажува младиот Англичанец на стартот од сезоната, Флорентино Перез направи полн погодок.
Џуд Белингам игра во страшна голгетерска форма, синоќа против Осасуна два пати ја тресеше мрежата и стигна до 10 гола на првите 10 натпревари во белиот дрес, постигнување со кое претходно можеше да се пофали Кристијано Роналдо.
Пофалби стигнаат од сите страни, а капа му симна и Ерлинг Халанд, кој минатата сезона беше кошмар за противничките дефанзивци и собори еден куп рекорди во Премиерлигата.
„Неверојатно!“ – напиша голгетерот на Манчестер Сити под една објава на Џуд Белингам од славјето на мечот со Осасуна.