петок, 18 октомври 2024

„Бели зајаци“ го нападнале МЕПСО и барале откуп од 700 илјади долари

По Фондот за здравствено осигурување и Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) е под уцена со барање откуп од 10 биткоини или околу 700 илјади долари за одблокирање на нивниот компјутерски систем. Не знаеме дали ФЗО лани во февруари по 14 дневниот прекин на нивниот систем го платиле бараниот откуп од 20 биткоини, тогаш околу 400 илјади доалри, но системот на МЕПСО веќе 10 дена е блокиран и се бара помош и од МВР и од други институции и од странство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознаваме хакерскиот напад се случил на 3 март, недела, околу пладне, по што сите службени компјутери биле блокирани. МЕПСО на 7 март соопшти дека се соочува со сајбер напад, но дека „целосниот интегритет на електроенергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени. Критичната електроенергетска инфраструктура не е предмет на нападот, таа е безбедна и целосно функционална. Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на сајбер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од сајбер напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид… Целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени“, соопшти тогаш МЕПСО.

Преземени биле сите мерки, сите надлежни институции биле информирани, експертите работеле на нормализирање на секојдневната работа на компанијата…, но проблемот остана. Групата „Бели зајаци“ (White rabbits) наводно стои зад овој напад, а адресите за потеклото на нападот покажуваат дека доаѓаат од најмалку 4 држави, дознава МКД.мк.

Пред два дена МЕПСО се обиде да ги ублажи последиците од овој напад со соопштението дена нивната веб-страница е веќе во фунцкција. „По минатонеделниот кибер напад, веб-страницата на МЕПСО е повторно е во функција, а во разрешување на проблемот улога имала и странска помош“, соопшти МЕПСО на 11 март.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше дека за надминување на проблемот и целосно враќање во функција на компанијата се работело и со меѓународна поддршка.

Здружението на инженери на Република Македонија истиот ден поставија прашање до надлежните органи колку се сигурни македонските институции од хакерски напади имајќи предвид дека неколку важни институции беа цел на напади, меѓу кои и МЕПСО што според инженерите, претставува голема закана по безбедноста, но и сигурноста на претстојните избори.

На 15 јули 2020 година за време на предвремените парламентарни избори со дистрибуирано одбивање на услуга (DDoS), беше нападната официјалната веб-страница на Државната изборна комисија;

На 8 февруари 2023 година информатичкиот систем на Фондот за здравствено осигурување беше хакиран со ransomware вирус.

Хакерскиот напад на МЕПСО со барање за откуп и натаму е актуелен. Се бараат биткоини затоа што така најлесно се губат секакви траги.

Следуваат претседателки и парламентарни избори во Македонија.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ