сабота, 27 јули 2024

Белград: Специјалците на Курти повторно влегоа на територијата на Србија, вооружени до заби (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Косовската полиција на (премиерот Аљбин) Курти повторно влезе на територијата на централна Србија и тоа 500 метри од административната линија. Тие немаат што да бараат на просторот на централна Србија, а влегоа вооружени до заби. Сакав да ви покажам докази како ги кршат договорите. Денес полициски службеник од станицата во Бујановац забележал како брзо се движи полициско возило на таканаречената косовска полиција во насока на селото Брезница, и возилото скршнало кон селото Брезница. Кога белото комби сопрело било забележано од припадници на нашата полиција и тргнале да ги сопрат во намерата да се шетаат по централна Србија. Полицајците на Курти ги виделе и избегале кон Косово и Метохија, односно кон Карачево“, кажа Петковиќ.

Тој по објаснувањето на доказите зборуваше за видео снимката која се емитуваше по позадина. На неа се гледа дека косовските полицајци влегле на територијата на Србија. Истакна дека целта на ваквите активности е да се испровоцира Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ