петок, 26 јули 2024

Белград оди на нови избори

Вчера требаше да се одржи конститутивната седница на градското собрание на Белград, но претседавачот Тома Фила соопшти дека не постојат услови за формирање на собранието и дека белграѓани ќе одат на нови избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова беше трет обид за формирање на собранието и потврдување на мандатите на пратениците. Првиот обид беше на 19 февруари, но тогаш немаше кворум. Истото сценарио беше повторено и во петокот.

„Нема кворум. По спроведените избори не се исполнети условите пропишани со законот за локална самоуправа и за формирање на собранието на град Белград“, соопшти најстариот пратеник Фила во петокот.

Одборниците на групата „Србија против насилството“ вчера стигнаа во собранието со транспаренти „Кражбата нема да помине“, „Белград не ве сака“ и „Сите вие сте фантоми“.

Српската влада сега ќе именува привремено тело кое ќе се грижи за градот. Претседателот на народното собрание во следните месец дена треба да распише нови избори, кои ќе се одржат во рок од 45 до 60 дена од распишувањето.

Владејачката Српска напредна парија на локалните избори на 17 декември 2023 година освои 49 мандати, прозападната опозициска коалиција „Србија против насилството“ 43 од вкупно 110 одборници.

Опозицијата од изборите во декември ја обвинува власта дека ја „украла волјата на граѓаните“ со изборен инженеринг и носење гласачи од Република Српска и од други градови во Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ