петок, 18 октомври 2024

Белград: Курти е политички и фактички непожелна личност во Вашингтон

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека Курти со своите постапки се докажал како „гробар на Косово како независна држава“, пренесуваат српските медиуми.

„Она што се случува на Балканот не е меѓу приоритетите на американската политичка јавност, нив ги интересираат Кина, Русија, Блискиот Исток… Сè останато што се случува во светот е предмет на расправи исклучиво кога ќе се појави во вестите“, кажа Ѓуриќ.

Додаде дека неговата работа не е само во Вашингтон да ги изнесува фактите за тоа што се случува на северот на Косово, туку и да работи на тоа Србија и САД да се поврзат преку економски корисна соработка.

„Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ треба да го доживее како комплимент тоа што екстремистот Курти му забрани да влезе на Косово. Добро е кога вашата политика не ја одобрува екстремист како него“, кажа Ѓуриќ.

Тој на прашањето за американските санкции против шефот на Безбедносно информативната агенција на Србија Александар Вулин оцени дека се од политичка природа и дека Србија постапила умерено од Америка барајќи да ги докажат своите тврдења.

„Ние сме народ кој многу пропати поради санкции. Бараме да не разговараме со јазик на санкции туку на соработка“, кажа Ѓуриќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ