сабота, 27 јули 2024

Белград: Колона од автомобили со српски знамиња во знак на протест против резолуцијата

Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која потсетува на геноцидот врз Бошњаците од Сребреница во 1995 година, повикувајќи на почитување на жртвите и фактите утврдени со судски пресуди, како и на воспоставување Меѓународен ден на сеќавање на тоа злосторство.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

За необврзувачката резолуција гласаа 84 од 193 земји-членки на ОН, 19 беа против, 68 беа воздржани, најмногу со образложение дека нема нужен консензус.

Резолуцијата за геноцидот во Сребреница ја предложија Германија и Руанда, нејзини спонзори се околу четириесет земји.

Освен Србија, против беа Русија, Кина и Унгарија и некои африкански и азиски земји, Куба, Никарагва, Венецуела и Азербејџан.

Поголемиот дел од српските медиуми остро реагираа на донесувањето на резолуцијата, некои граѓани својот протест го изразија со колона автомобили украсени со српски знамиња, кои тргнаа од Белградскиот саем кон Нов Белград преку мостот Ада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ