сабота, 27 јули 2024
Се шпекулира за осуммина загинати

Белград: Го кренале да одговара и се распукал, ја ранил наставничката, го убил чуварот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Момче (14) пукало во училиштето во белградската населба Врачар „Владислав Рибникар“ и ги убило обезбедувачот и наставничката, неофицијално објави Б92, но подоцна полицијата соопшти дека наставничката е повредена.

Повредените, меѓу кои и некои чии животи се во опасност, се примени во Ургентниот центар.

Во болница се префрлени три деца, од кои едното е во животна опасност и итно е префрлено во операциона сала со повреда на главата, рекле за Танјуг во таа установа.

Другите две деца што се примени во болница се со прострелни рани и се на интензивна нега.

„Доби единица во историјата и потоа полуде. Ја застрела историчарката во кабинетот, а потоа и другарите. Ги има сите петки, а сите го нарекуваме ‘штребер’“, рекле ученици на „Владислав Рибникар“ за Б92.

 

Вработени во училиштето, пак, за новинарот на РТС рекле дека наставничката по историја Т. С. го прозвала напаѓачот, ученик од VII-2 клас, да одговара и тој потоа пукал во неа.

Училишниот чувар и дежурните ученици го слушнале пукањето и отишле да видат што се случува, а потоа напаѓачот пукал и во нив.

Учениците од другите паралелки се затвориле во училниците, додека некои деца во општата паника се обиделе да го напуштат училиштето преку друг влез.

Освен момчето, уапсено е уште едно лице, објавија српските медиуми.

Б92 неофицијално објави дека загинале и осум деца, но тоа не е потврдено.

На терен се десет возила на Брза помош и полиција. Таму се и министерката за здравство Даница Грујичиќ и министерот за образование Бранко Ружиќ. Голем број насобрани родители не можат да си дојдат до децата, објави Н1. Како што јави новинарот на Н1, областа околу местото на престрелката е блокирана. Полицијата се обидува да ги избрка родителите собрани пред училиштето, кои велат дека ништо официјално не им е кажано. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ