сабота, 15 март 2025

Белград ги дочекува демонстрантите од цела Србија (ВИДЕО)

Овации, солзи, песни, храна, пијалаци, масажи – сето тоа белградските студенти во блокадата и граѓаните кои ги поддржуваат подготвија на Теразије за со црвен килим и медали да ги пречекаат своите колеги од другите градови на Србија пред масовниот протест кој за утре е најавен во главниот град на соседна Србија.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Речиси ист третман добија мотоциклистите и велосипедистите од разни краеви на Србија кои пристигнаа во центарот на Белград.

Повеќе белградски факултети се спремни да ги дочекаат и примат своите колеги од другите градови.

Насекаде може да се видат бројни пораки на поддршка за колегите и соборци. Булеварите кои водат кон Теразије се затворени но не и празни – полни се со граѓани кои сакаат да ги поздрават земјаците од разни краеви на земјата.

Во исто време редарите на „студентите кои сакаат да учат“ ги замени полициска жандармерија на влезот во Пионирски парк каде што тие кампуваат. Граѓани сè уште се собрани околу и пред влезот во паркот барајќи да го напуштат.

Недалеку од таму мотоциклисти дојдени од разни краеви на Србија турираа пред Народното собрание на Србија во знак на поддршка на студентите во блокадата и за да ги покријат сирените на тракторите кои го „штитат“ Пионирски парк.

Во падот на стреата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 животите ги загубија 15 лица.

Набрзо потоа студенти низ цела Србија ги блокираа факултетите и универзитетите барајќи одговорност за жртвите. Едно од барањата е и објавување на целосната документација за реконструкцијата на стреата.

И светските медиуми известуваат вечерва за дочекот на студентите на протестот во Белград.

Агенциите Ројтерс и Тајмс дочекот на студентите го пренесуваат во живо на своите јутјуб канали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ