вторник, 17 септември 2024

Белград: ЕУ може да уценува и да се заканува, Србија својот европски пат ќе го заврши како членка на БРИКС

Потпретседателот на владата на Србија Александар Вулин изјави дека Србија ќе заврши како полноправна членка на организацијата БРИКС доколку функционерите на Европската Унија продолжат со заканите и уцените.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Реагирајќи на изјавата на портпаролот на ЕУ Петер Стано дека Белград е обврзан да го примени Охридскиот договор и дека тој е дел од пристапувањето на Србија во ЕУ, Вулин порача дека Европската Унија може слободно да заборави на Србија ако мисли дека Србија ќе го признае Косово.

„Не знам зошто за Стано Охридскиот договор е обврзувачки, а Бриселскиот договор не е. Ако Стано мисли дека Србија фактички или де јуре ќе го признае таканаречено Косово во замена за продолжување на патот кон ЕУ, може да заборави на Србија како што заборави на обврската на Приштина да ја формира Заедницата на српски општини. Функционерите на Европската Унија само нека продолжат со заканите и уцените и европскиот пат на Србија ќе заврши со нејзино полноправно членство во БРИКС“, порача Вулин.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано кажа дека Охридскиот договор е обврзувачки за двете страни, за Косово и за Србија, и додаде дека Белград треба да одговори на прашањето дали, кога и зошто го повлекле писмото од декември 2023 со „црвените линии“ на Србија за Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ