сабота, 27 јули 2024

Белгиските земјоделци ги блокираа автопатите низ државата (ВИДЕО)

Белгиските земјоделци денес блокираа повеќе автопати низ државата што доведе до нарушување на сообраќајот во пристаништата, а тие бараат поголеми цени за своите производи и помалку бирократија за вршење на работата.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Белгиските земјоделци се придружија пред три дена на протестите на земјоделците во Франција и Германија.

За време на таканаречената Операција полжав, десетици трактори во неделата со споро возење стигнаа до автопатот јужно од градот Намир во Валонија, на југот на Белгија.

Стотици трактори го блокираа денес сообраќајот на неколку автопати.

Земјоделците планираат да протестираат и пред седиштето на Европската Унија за време на самитот кој ќе се одржи утре.

Стотици илјади Белгијци се соочуваат со блокада на сообраќајот обидувајќи се да стигнат на работа или закажаните лекарски прегледи.

И покрај широко распространетите непријатности, владата на премиерот Александар де Кро многу внимателно се справува со протестите, кои се главно мирни.

„Важно е да ги слушаме. Земјоделците се соочуваат со огромни предизвици“, кажа Де Кро.

Белгија во моментов претседава со ЕУ, а Де Кро кажа дека ќе се позанимава со тоа прашање за време на самитот чија главна тема ќе биде воената помош за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ