сабота, 27 јули 2024

Белгија воведе задолжителен карантин за мајмунски сипаници

Објавено на

часот

Сподели

Заразените со вирусот на мајмунска сипаница сега ќе мора да одат во самоизолација три недели, соопштија белгиските здравствени власти, откако беа пријавени три случаи во земјата.

Сите инфекции, од кои првата беше забележана во петокот се поврзани со фестивалот во пристанишниот град Антверпен.

Лекарите предупредија дека Обединетото Кралство се соочува со значително зголемување на инфекциите и одговорот на владата е критичен за спречување на нивното ширење.

Д-р Клер Даснап, претседател на Британската асоцијација за сексуално здравје и ХИВ, исто така рече дека епидемијата може да има „огромно влијание“ врз пристапот до услугите за сексуално здравје во Британија.

Британскиот министер за внатрешни работи Саид Џавид вчера откри дека уште 11 Британци се позитивни на вирусот, со што вкупниот број се искачи на 20.

Дете кое моментално се наоѓа во критична состојба во болница во Лондон исто така се разболело од мајмунски сипаници, додека во Европа се регистрирани уште 100 инфекции.

„Следната недела ќе има повеќе дијагнози, тешко е да се каже колку. Најмногу ме загрижува што има инфекции низ цела Европа па веќе се прошири и веќе циркулира кај пошироката популација. Бројот на заболени може да биде и поголем во следните две или три недели“, рече д-р Дуснап.

Заклучно со саботата пријавени се 92 потврдени случаи и 28 сомнителни случаи на мајмунска сипаница од 12 земји-членки, соопшти агенцијата на ОН, додавајќи дека во наредните денови ќе им даде дополнителни упатства и препораки на земјите како да го ублажат ширењето на мајмунските сипаници.

Досега никој не починал од оваа вирусна болест.

„Она што се чини дека сега се случува е дека вирусот навлезе меѓу населението преку интимни односи и се шири како и сексуално преносливи инфекции, што го интензивираше неговото пренесување низ целиот свет“, рече професорот Дејвид Хејман епидемиолог за заразни болести во Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ