сабота, 27 јули 2024
Украинците го примениле одобрението на Бајден

Белата куќа: Запрена руската офанзива на Харков

Руската воена офанзива околу украинскиот град Харков е запрена, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, кој смета дека тоа е последица на зеленото светло што Вашингтон им го даде на Украинците да гаѓаат цели во Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Од гледна точка на американскиот претседател Бајден, тоа е само здрав разум. Она што се случуваше околу Харков, она што беше ново последниве месеци, беше руската офанзива. Немаше смисла да не им се дозволи на Украинците да нападнат преку граница“, изјави Џејк Саливан за Си-би-ес.

Според него, Бајден им дал одобрение на Украинците, тие го примениле на бојното поле.

„Сакам да истакнам дека оваа (руска) офанзива на Харков е запрена. Тој град сѐ уште е под закана од Русите, кои не напредуваа во таа област во последните денови“, рече Саливан.

Американскиот претседател долго време одбиваше да им дозволи на Украинците да користат оружје доставено од САД за напади на руска територија, но неодамна го промени својот став. Сепак, Бајден постави и одредени услови, како тоа дека може да биде гаѓана само пограничната област.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-порака на социјалните мрежи доцна синоќа изјави дека руската армија „не успеала“ да изврши офанзива во регионот Харков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ