сабота, 27 јули 2024

Белата куќа: Украина нема доволно пилоти за Ф-16

Испораката на американските борбени авиони за време на неуспешната летна украинска офанзива нема би го променила текот на таа операција, бидејќи Украина тогаш немала доволен број обучени пилоти за управување со нив, кажа советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на гостување на Еј-би-си њуз, Саливен кажа дека не се сложува со наративот дека Белата куќа не обезбедила доволно „воена опрема“ за Украина за таа да биде успешна на фронтот.

„Идејата дека не сме одвоиле доволно количество ресурси за испорака на Украинците едноставно не држи вода“, кажа тој одговарајќи на прашањето дали пристапот на Вашингтон за постепена испорака на вооружување е главната причина за украинскиот неуспех на бојното поле.

„Ако погледнете што сè САД ѝ обезбедија на Украина за време на овој конфликт, ќе видите дека станува збор за огромно количество средства испорачано со брзина и во обем кои ги надминуваат очекувањата“, додаде Саливен.

„Постојат и дополнителни средства кои Украинците ги бараа, а авиони Ф-16 се едно од нив“, додаде тој, објаснувајќи дека САД се спремни да ги испорачаат авионите, но дека вистинскиот предизвик со кој се соочува Киев е „недостиг од пилоти за управување со овие авиони“.

Киев во повеќе наврати побара борбени авиони од западно производство, тврдејќи дека се неопходни за „одбивање на руските напади“.

Во август САД им дозволија на Данска и Холандија да ѝ донираат Ф-16 на Украина, а првите испораки се очекуваат оваа година. Државите членки на НАТО се договорија да формираат коалиција за да ги обучуваат украинските пилоти за овие авиони.

Москва предупреди дека ваквиот потег би довел до опасна ескалација, бидејќи одредени верзии на Ф-16 можат да носат нуклеарни бомби и порача дека ќе ги уништи овие авиони во Украина ако бидат испорачани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ